Профил

Заборавена лозинка

Бесплатна достава

За нарачки над 1.500 денари.

Новогодишни Понуди

на супер производи

Безбедно плаќање

Со картичките на Visa и Mastercard

Контактирај не

sales@denmak.com.mk / +389 75 360 333 до 16:00ч

Зборот виски доаѓа од галскиот збор “uisge beatha” што значи „ вода на животот„ инаку галскиот збор спаѓа под келтскиот јазик кои бил користен во делот Higlands во Шкотска. Во Шкотска виски се произведувало со векови наназад. Се претопоставува дека процесот на дестилација бил донесен од страна на христијанските монаси кои го ширеле христијанството низ земјата, но не е исклучена можноста дека можело да биде донесен и од фармерите кои живееле во делот Highlands кои се научиле сами да дестилираат со вишокот јачмен што им останувал.
Најстариот документ во кој има информации за рецептот на произведување на скоч бил напишан во 1494.
Шкотска традиционално се дели на 6 региони кои произведуваат виски и сите тие имаат свој карактеристичен вкус на вискито.

Speyside- виски познато во плодните долини (glen) и реката Spey. Истото е карактеристично по скромност со тресет и богато со овошни ароми.Најчесто се зреени во Шери буриња.
Над 60 дестилерии.
Lowland- виски карактеристично по меки и нежни ноти на слад и генерално е многу полесно, во кое се чувствува елегантна палета од мед, ѓумбир, карамела, тоаст, и цимет.
Highland- Овој регион е најголемиот во Шкотска и е карактеристичен по разновидната палета на виски.
Campbeltown- Карактеристично виски со нијанси на чад, сол, овошје,ванила и карамела.
Islay- Најкарактеристично виски со богата арома од тресет и чад.
Islands- карактеристични ароми од чад, бибер и мед.

Во Шкотска има повеќе од 100 дестилерии.
Виски да биде наречено Скоч мора да е произведено и стареено минимун 3 години во Шкотска.

Кавалан го дефинира почетокот за производство на виски во Тајван. Кавалан спаѓа под корпорацијата King Car Group чиј сопственик е Ли Тиен Тсаи кој од порано сакал да почне со производство на виски, но не можел да ја реализира својата идеја заради стриктните закони за алкохол кои постоеле во неговата земја. Тоа траело до 2002 година кога Тајван станала дел од Светската Трговска Организација при што било дозволено на Ли да произведува виски. Производството на Кавалан започнало во 2006 година.
Првите впечатоци на светскиот пазар биле скептични, се до 2012 год. кога Џим Мури во неговото издание од “Whisky Bible” за таа година го прогласил Kavalan Solist Fino Sherry Cask за новото светско виски на годината. Кратко потоа скептицизмот се претворил во интерес и вискито се искачило на врвот на листата на најдобри Single Malt виски на World Whiskies Awards во 2015.
Брзиот успех на Тајванското виски се должи на економската сила на King Car Group, знаењето на Др. Џим Суан, како и вештината на талентираниот главен блендер Иан Чанг. Исто така топлата тајванска клима е фактор кој допринел во забрзување на стареење на вискито во бурињата, додека пак процентот на Angel’s Share(изгубениот дел од вискито во бурето поради испарување.) бил зголемен заради што цената на вискито е повисока, а побарувачката уште поголема.

With its rich earth color, the Taipei 101-shaped bottle for the Kavalan Distillery Select Series symbolizes the foundational core strengths of Kavalan’s cask selection and blending art. On the left, “Kavalan Distillery Select No. 1,” is rich in fruitiness intertwined with cream and toffee notes. On the right, ”Kavalan Distillery Select No. 2” blends floral and herbal notes, mature woodiness and warm spiciness.


Јапонско виски има станато најпопуларно до сега во последните неколку години. Све започнало кога студентот Масатака Такетсуру бил пратен во Шкотска да го научи процесот на произведвуање виски, поради големата побарувачка во Јапонија. До тогаш во Jапонија се увезувало само виски од Америка и од Шкотска кое било многу скапо за јапонскиот пазар, поради што се произведувале многу имитации на виски. Кога се вратил Такетсуру од Шкотска заедно со Шинџиро Тори кој до тогаш имал дестилерија за вино, ја отвориле првата јапонска дестилерија за виски Yamazaki.

По пет години во 1929 го пуштиле во продажба нивното прво виски Shirofuda но не се продавало добро, се смета дека тоа било поради чадениот карактер на вискито кој не им одговарал на јапонците, бидејќи не биле навикнати на него. Тори сакал бизнисот да биде успешен и повеќе се стремел кон виски кое повеќе ќе одговара на јапонскиот пазар. Такетсуру бил против таа идеа поради што тој имал огромна пасија кон шкотскиот начин на произведување виски. Заради овој конфликт Такетсуру и Тори се разделиле.

Шинџиро Тори и Масетака Такетсуру

Такетсуру си отворил своја дестилерија во малиот град Yoichi. Тој ја обрал таа локација бидејќи климата и почвата биле приближно слични со Шкотска, таа дестилерија се викала Nikka.
Тори сакал да отвори дестилерија која ке биде поблиску до пазарот каде имало поголема побарувачка за виски и ја отворил дестилеријата Suntory. Од тогаш започнало големото ривалство помеѓу двете најголеми јапонски дестилерии кое трае до ден денес.

Од тогаш јапонско виски станувало популарно поради многуте добиени награди. Меѓу време се имаат отворено и многу други дестилерии.
Големата популарност јапонското виски има добиено од кога Бил Мури во филмот Lost in Translation во 2003 пие Hibiki

Сцената од филмот Lost in Translation каде Бил Мури пие Hibiki

Најголемата популарност ја има достигнато кога познатиот критичар на виски Џим Мури го има прогласено Yamazaki 2013 Single Malt Sherry Cask за најдоброто виски во неговата книга Виски Библија 2015. Заради рапидната популарност во последните гоидин Јапонија нема доволно виски за да ја засити побарувачката на пазарот поради што некој вискија веќе не може да се најдат многу често.

Карактеристично за јапонско виски е дека е инспирано од скоч но е многу по ароматично и по леснo. Повеќето дестилерии во Јапонија увезуваат суровини за произведување виски како на пример јачмен и слад од Шкотска но сепак вкусот кој се добива е многу различен поради јапонската вода и начинот на кој ги дизајнираат казаните за дестилирање. Некој дестилерии произведуваат и буриња од Мизунара кое е дрво најдено само во Јапонија кое придонесува до карактеристичен вкус во вискито.

Whisky– Зборот виски по однос на тоа од каде потекнува (Шкотска или Ирска) се пишува различно и тоа Шкотското виски се пишува без е Whisky , додека Ирското виски се пишува со е whisk(e)y
Што се однесува за другите држави кои произведуваат виски зборот виски се пишува како whisky или whiskey, а тоа ќе зависи од каде е научен процесот на произведување виски, поточно дали од Шкотите или од Ирците. На пример во Америка поголем број специфични дестилерии го имаат научено процесот на производство од Ирцита, поради тоа што имало многу ирски имигранти во Америка, и зборот виски го пишуваат со “e” (whiskey), но постојат дестилерии во Америка како што е Maker’s Mark кои го имаат научено процесот на производство од Шкотите и зборот виски го пишуваат без “e”. Меѓу останатите држави кои го научиле процесот на производство виски од Шкотите се и Јапонија, Тајван, Индија, Нов Зеланд, Тасманија, Канада и тие зборот виски го пишуваат како Whisky.
Скоч– Виски произведено во Шкотска
Malt– Слад (јачмен кој го започнал процесот на ‘ртење и од кој се добива шеќерот глукоза потребен за дестилација).
Single Malt– виски коа се прави само во една дестилерија “single” и тоа од слад “malt”.
Single Grain– виски кога се прави само во една дестилерија и тоа од житарици како што се јачмен, пченка или ‘рж.
Blended Whisky-виски кое се прави од мешање на повеќе различни вискија “blended”(мешањето на виски се смета за уметност во виски
културата, како кога уметник меша боја за да ја добие бојата што ја сака).
Blended Malt – виски кое се прави од мешање на повеќе различни вискија кои се направени само од слад.
Sherry Cask– буре во кое било зреено шпанско вино Шери.
Port cask– буре во кое било зреено португалско вино Порт.
Marsala cask– буре во кое било зреено италијанско вино Marsala кое се прави близу до градот Marsala во Сицилија.
(Sherry, Port, Marsala, Madeira се fortified (засилени) вина кои содржат 19% до 21% алкхол)
Bourbon Cask– буриња во кои се има зреено бурбон.
Бурбон– виски коа се прави со дестилирање на минимун 51% пченка, името Бурбон се користи за виски кое потекнува само од Америка.
Angels Share– го претставува изгубениот дел од вискито во бурето заради испарување во време на зреење.

X